Фудбалер на Гостивар се пресели на Малта
Гостивар преку социјалните мрежи потврди дека Машике се сели во Малта во екипата на Флоријана.
Во дресот на Гостивар 30-годишниот Камерунец запиша 17 натпревари во кои постигна три гола и додаде една асистенција.
Низ кариерата Машике настапуваше уште за Араз (Азербејџан), Хамрун (Малта), Жилина (Словачка), Серед (Словачка), Словен Либерец (Чешка)...