ФК Скопје: Имавме криминално судење на дуелот против Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Скопје денеска испрати соопштение до јавноста за скандалозното судење на вчерашниот дуел со Шкупи во рамки на 16.коло во Првата лига. Тимот од Автокоманда на свој терен загуби со 1-3 од ривалот од Чаир. 

Двајца фудбалери на Скопје заработија црвени картони, па затоа овој клуб сака да и покаже на јавноста каква судиска неправда им се случила вчера. Во продолжение го објавуваме целосното соопштение на скопјани поткрепено со нивни видео-материјали.  

„После вчерашното скандалозно судење на судијата Крумислав Ѓоргиев и неговите помошници, ФК Скопје одлучи да излезе со соопштение со кое ќе ја запознае фудбалската јавност со сите неправилности и криминалното судење на натпреварот Скопје – Шкупи. За сè, во прилог на реакцијата на ФК Скопје доставуваме и видео-записи и фото-галерија од спорните моменти.

1. Во 7. минута од натпреварот пред постигнувањето на водечкиот гол на ФК Шкупи, очигледно е дека играчот со број 19, Сандеј игра со рака.

2. Во 76. минута играчот на Скопје заработува директен црвен картон. За таа ситуација претходеше удар со нога во глава врз Најдоски од страна на играчот со број 9 на ФК Шкупи, Марко Ѓорѓиевски

3. Како врв на кражбата на судијата Ѓоргиев е досудениот пенал за ФК Шкупи во 94. минута. Судијата Ѓоргиев, прекршок направен на 18. метри го карактеризира со удар од белата точка

ФК Скопје ја повикува судиската организација при ФФМ да превземе соодветни мерки за ова криминално, скандалозно и тендециозно судење на Ѓоргиев на овој натпревар. Со правилно дејстввување апелираме да се спречат вакви кражби и неправилности на фудбалските терени.

Без разлика на неправдите, ФК Скопје ќе продолжи спортски и фер да се бори за резултати на спортските терени“, се вели во соопштението на ФК Скопје.