
ФФМ плати 2,3 милиони евра, парите се потрошени - трибината во Штип не е завршена!
Најспорен беше проектот за штипскиот стадион, за кој парите се добиени, а изведувачот не си ја завршил работата иако тврди дека го направил тоа.
Новото раководство на ФФМ уште не презема мерки, а тоа ќе го случи од август бидејќи рокот за предавање на трибината е на 31. јули.
„Проблемот со новата трибина во Штип е што не е завршена иако изведувачот го тврди спротивното. Роковите се пробиени и одбивме да го потпишеме примопредавањето“, вели Омерагиќ.
„Платени се сите обврски на федерацијата во износ од близу 2.3 милиони евра. Рокот за предавање е 31. јули 2025 година. Сепак, тоа што може да се види е тоа што има „мал милион“ недостатоци, а потрошени се многу пари. Реално, вака не може да има примопредавање или технички прием, тука нема дилеми“.
„Во случај рокот да не биде запазен, односно да биде пробиен, а според се она што го гледаме тоа ќе се случи, раководството на Фудбалската федерација на Македонија ќе преземе соодветни институционални мерки за неисполнување на договорот“.
„Слична е ситуацијата и со трибините во Охрид и Кичево. Таму веќе имаме нов надзор и во следниот период ќе работиме на алтернативни можности за евентуална завршница на тие инфраструктурни проекти“.