ФФМ ја укина забраната: Се враќа публиката на Детската Лига!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за укинување на забраната за публика на натпреварите од детската лига во северниот регион.

Поради неколкуте инциденти кои се случија во публиката за време на натпреварите од детската лига, минатото раководство на ФФМ забрани присуство на публика. Новиот УО сега ја укина таквата забрана, но ги предупреди родителите да внимаваат на постапките кои имаат влијание врз децата.

Предупредени се и тренерите на тимовите кои ако не го почитуваат фер-плеј кодекстот, ќе сносат дисциплински санкции.

„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за укинување на забраната  за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Тренерите на тимовите, учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции. Исто така, повикуваме, сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина“, стои во соопштението на ФФМ.