Емини со две бомби ги уништи „пиратите“ - Македонија ЃП ја освои Автокоманда!

Македонија Ѓорче Петров ја запиша и третата победа во низа откако дојде на клупата Муарем Бајрами, па попладнево во Автокоманда во малото скопско дерби, „лавовите“ на крилата на Сефер Емини со неговите две бомби стигнаа до победа со 2-1 да да дојдат до шестото место во Првата лига и да ги прескокнат барем на еден ден Струга Трим Лум и Работнички.

Емини со два прекрасни голови обезбеди трета победа во низа за ѓорчепетровци за да комплетира пресврт, откако Ален Јашароски донесе водство во 58-та минута за „пиратите“, по киксот на голманот на „лавовите“, па на сцена стапи младиот офанзивец, кој прво во 67-та минута израмни со гол од слободен удар, а десет минути потоа со бомба од 20 метри донесе и водство и го обезбеди триумфот.

Откако дојде Бајрами, „лавовите“ се препородија и освоија 10 бода на последните четири меча, па избегаа од опасната зона. Скопје со вториот пораз во низа, сега остана прв во зоната за баражи после 14 меча сезонава.

Останатите дуели во ова коло се играат утре, а двојките се Академија Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница, Шкупи – Пелистер и Струга Трим Лум – Работнички.