
Екс-репрезентативецот Мојсов се врати во Тиквеш
Искусниот дефанзивец минатата сезона ја помина во дресот на Брегалница, а од следната ќе игра за екипата од неговиот роден град.
„Поранешниот репрезентативец се враќа во матичниот клуб на Градски стадион во Кавадарци. По враќањето од годишниот одмор, ќе биде познато времетраењето на неговиот договор“, соопшти Тиквеш.