Директорот на Шкупи поднесе оставка - без да знае му го донеле Младеновски!
Според шпекулациите, Буњаку си заминал од тимот, бидејќи бил разочаран што клубот решил денеска да го ангажира Марио Младеновски без негово знаење. Буњаку беше назначен за спортски директор во 2018 година, а претходно беше лидер на навивачката група „Шверцери“.
Шкупи сезонава лошо ја отвори сезоната во домашното првенство со две победи, едно реми и еден пораз. Чаирчани не се прославија ниту на меѓународната сцена, каде летово одиграа осум натпревари, а победија само еднаш и тоа против Линколн. Тимот имаше голема шанса да обезбеди пласман во групната фаза во Конференциската лига, но во плејофот Шкупи беше два пати поразен од косовскиот тим Балкани.
Треба да се напомене дека по заминувањето на тренерот Седлоски, Чаир го напушти и еден од најдобрите играчи Фаустин Сењор, како и Антонио Каланоски.
Очигледно е дека во таборот на „сино-белите“ има доста проблеми, бидејќи клубот и натаму официјално нема назначено нов тренер.