Шкупи ја засили одбраната со Младеновски од Ботев Пловдив

Актуелниот македонски шампион Шкупи има лош старт на сезоната и по четири одиграни меча се наоѓа на шестата позиција во Првата лига, па затоа денеска екипата од Чаир реши да се засили со уште еден дефанзивец, а тоа е Марио Младеновски.

Младеновски има 21 година и доаѓа од екипата на Ботев Пловдив, а веќе има искуство во македонското првенство, каде што играше за Вардар и Македонија ЃП.

Чаирчани потпишаа двегодишен договор со младиот дефанзивец, кој треба да ја пополни дупката во одбраната по заминувањето на Сенгор во Турција.

Шкупи претходно се засили со уште неколку фудбалери, меѓу кои се Демири, Ѓорѓиев, Тимовски, Ацковски, Абдула, Спироски, Бајрами, Адем, Цефас и други.