Беса и Башкими ќе играат во Чаир, одредени и баражите за место во Втората лига!

Екипите на Беса и Башкими битка за место во Првата лига ќе ја водат во Чаир на неутрален терен, потврдија денеска од Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварот е закажан на 25 мај во терминот од 17:00 часот. Беса во баражот ќе игра за опстанок, додека Башкими се избори за бараж со третата позиција во Втората лига.

Исто така денеска беа одредени и двојките за популнување на местата во ВМФЛ и во нив силите ќе ги одмерат:

Преспа - Слога (Тренинг центар „Петар Милошевски“)

Шкендија Арачиново - Осогово (Кавадарци)

Тетекс - Горно Коњаре (Ѓорче)

Сите натпревари се играат в сабота од 17:00 часот.