Беласица се врати на врвот на Истокот, Тиквеш никако да излезе од криза

Беласица денеска славеше минимално против Победа со 1-0, а тоа беше доволно за да се врати на врвот на Втората лига – Исток, додека Тиквеш никако да излезе од кризата, па веќе четири меча не знае за триумф, откако одигра 1-1 против Плачковица.

Беласица славеше во Струмица благодарение на погодокот на Александар Милушев во 61. минута, а тоа им беше доволно да ја прескокнат Брегалница на врвот, па имаат еден бод повеќе од нив на табелата.

Тиквеш, од друга страна, по двата порази денеска одигра реми кај Плачковица (1-1). Тие стигнаа до водство во 38. минута преку Иванов, а клубот од Радовиш ги постави конечните 1-1 преку Петров.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК

ТАБЕЛА: Беласица 25, Брегалница 24, Кожув 23, Тиквеш 21, Кит Го 21, Каменица Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово 6, Питу Гули 3