Анонимен Црногорец седна на клупата на Пoбеда

Прилепска Победа најде нов тренер како замена за Зоран Штерјоски, кој по поразот од Работнички пред три дена спогодбено ја прекина соработката со прилепчани, па поранешниот шампион сега ќе го води 50-годишниот анонимен Црногорец Славољуб Бубоња

Бубоња досега беше тренер на Морнар од Бар и од понеделник ќе го преземе прилепскиот клуб, што значи дека утре на дуелот со Силекс во мечот од Првата лига, Победа ќе ја водат досегашните помошници на Штерјоски, Вршкоски, Кебакоски и Стерјоски.

Бубоња својот досега најголем успех како тренер го има со тимот на Челик од неговиот роден град Никшиќ со кој во 2012 година го освоил Купот на Црна Гора, а во таа година бил прогласен и за најдобар тренер во Црна Гора. Потоа 3 години по ред изборувал учество во квалификациите за Лига на Европа.

Покрај во Челик, како тренер работел уште во црногорскиот тим Јединство Биело Поље и во босанскиот клуб Младост од Обарска.