Адетунџи несреќен на Чаир зашто Шкупи со сила го држи

Најдобриот стрелец на бившиот првак Шкупи, Сандеј Адетунџи, кој лани беше најдобар стрелец во македонската Прва лига е несреќен на Чаир и разочаран од Шкупи, кој инсистира да го задржи и покрај желбата на центарфорот да замине во поголем клуб.

Адетунџи неодамна објави збогување со чаирчани преку социјалните мрежи, но од Чаир експресно реагираа дека тој не си оди и дека е во плановите за новата сезона, па сега според информации на нигериски медиуми, сето тоа крајно го разочарало напаѓачот и тој е незадоволен од односот.

Адетунџи дојде во Шкупи во 2021 година и оттогаш има 33 гола и 13 асистенции за „гулабите“, а за него заинтересиран беше Динамо Киев, а сега според „Пинч Спортс Екстра“, Адетунџи емкрајно незадоволен и несреќен и сака да си оди, но проблемот е што Шкупи не сака да го продаде и сето тоа дополнително го фрустрира.

Адетунџи не сака повеќе да биде дел од македонскиот прволигаш, но чаирчани инсистираат да го задржат, а тој не може да си замине така лесно, зашто е под договор.

Во минатата година се појавија информации дека Шкупи одбил 1,5 милиони евра од неименуван хрватски клуб за да го купи Адетунџи, но чаирчани барале најмалку два милиони евра и шансата за трансфер и добра заработка пропаднала.