Земјотресот прекина фудбалски меч во Тирана, навивачите панично бегаа! (ВИДЕО)

Земјотресите кои се случија денеска во Албанија, а воедно ги почувствуваа и македонските граѓани, предизвика и голема штети кај нашиот западен сосед, а воедно го прекинаа за момент и натпреварот од петтото коло од Првата лига, помеѓу Партизан и Билис.

После три минути игра, натпреварот беше запрен откако големата трибина силно се стресе, по што судијата го прекина мечот, а исплашените навивачи брзаа да излезат надвор од стадионот.

По неколкуминутна пауза натпреварот продолжи и заврши без победник 1-1.