
Воени бродови го чуваат Сплит, напната состојба пред мечот Хрватска – Унгарија
Сите кои им биле сомнителни биле легално легитимирани. Обезбедувањето за мечот против Унгарија е посилно, отколку кога во Сплит се игра дербито меѓу Хајдук и Динамо. Хеликоптери го надледуваат градот, а полицијата чека на готовс.
Последен пат Хрватска во Сплит играше во 2015 година против Италија и тоа пред празни трибини, а на теренот повторно ќе заиграат Хрватите против Унгарија на десетти октомври и тоа пред 33.000 гледачи и под мерки на обезбедување, какви што жителите на Сплит не паметат уште од Медитеранските игри во 1979 година.
Ако контролите на влезот бидат детални како што се најавува, лицата кои ќе се обидат да влезат со влезници на други лица, истите ќе бидат вратени назад, но жестоки санкции нема да има.
Околу 1.700 навивачи од Унгарија се очекуваат во Сплит во текот на утрешниот ден, а пред мечот ќе бидат сместени во фан-зоната кај стадионот.