Велковски најави добра пролет во Риека – даде гол во триумфот над Олимпија!

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски го даде првиот гол за Риека и најави добра пролет за него после една ипол година со многу проблеми, исполнета со безброј победи, откако денеска во контролниот меч со Олимпија Љубљана го најави триумфот со 4-2 постигнувајќи го првиот гол на мечот.

Стоперот на македонската репрезентација на последните два меча за Риека играше од почеток, а на „Руевица“ очекуваат конечно да го видат македонскиот репрезентативец во вистинско светло и за него овие подготовки и пролетниот дел од сезоната се исклучително важни, после „заканите“ дека ако не успее да се наметне ќе биде продаден.

Велковски постигна гол во 10-та минута по еден центаршут по кој ја погоди мрежата откако беше највисок во скокот.

Погодокот како мотивација, но и засега добриот тек на подготовките се добра најава и за селекторот на Македонија, Игор Ангеловски пред претстојните историски баражи во март, зашто Велковски е еден од клучните фудбалери во дефанзивата и неговата добра форма е една од клучните фактови во битката за виза за Евро 2020.