Вардарецот Ибиши се договори со хрватскиот вицепрвак Локомотива

Хрватскиот вицепрвак Локомотива Загреб успеа да му го украде талентираниот фудбалер на Вардар, Џемал Ибиши кој заминува како слободен фудаблер. Тој минатата сезона одигра 13 меча и постигна два гола во дресот на „црвено-црните“.

Вардар после хаосот со беспарицата и распадот на ланскиот тим ги загуби сите таленти, па Марио Младеновски е на проба во Динамо Киев, Бојан Димовски замина во Академија Пандев, а Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ се пред промоција во Хајдук. Евгениј Новак веќе потпиша во Колос, а Жуниор за Зарја, два клуба во Украина.

Црвено-црните од друга страна сега крпат тим за нивата сезона, па Стефан Лазаревиќ доаѓа како петто засилување по Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов и Виктор Велковски.