Уште една мајсторија на наш репрезентативец: Тодоровски перфектно погоди од слободен (ВИДЕО)

Откако младинскиот репрезентативен центарфор Милан Ристовски му даде фантастичен гол на нашиот репрезентативен голман Дејан Илиев во словачкото првенство, уште една мајсторија од надежната селекција на Благоја Милевски го одбележа викендов, сега на десниот бек Тодор Тодоровски.

Тодоровски е поранешниот фудбалер на Вардар, кој си замина во хрватски Осиек и моментно игра за вториот тим на овој клуб. Против Сесвете постигна неверојатен погодок од слободен удар за да покаже дека е во одлична форма и тоа баш пред двата евроквалификациски мечеви на младата селекција на Македонија в четврток со Шпанија во Алкоркон, а четири дена подоцна на гости кај Фарски Острови.

Надежната селекција денеска ги започнува подготовките и веднаш заминува за Шпанија каде што ќе се комплетира со бројните „странци“ и потоа ќе има три дена за подготовка за пресметката со европските младински шампиони.