Тренерот на Адеми и Ристовски: Фудбалерите плачеа по дебаклот со Истра

Динамо Загреб доживеа дебакл против Истра (0-3) во 28. коло од хрватската Суперлига, со што останаа на осум бодови зад лидерот Хајдук Сплит.

Тренерот Фабио Канаваро на прес-конференцијата по натпреварот кажа дека неговите избраници биле разочарани по поразот.

„Дали ќе ги казнам фудбалерите? Не, мислам дека тоа не е вистинскиот начин. Ако дојдете во соблекувалната, ќе видите дека тие плачат. Не се среќни, но нема алиби, самите се виновни за овој резултат. Не знам во што е проблемот. Можеби е страв, можеби е менталитет, знаете подобро од мене каков притисок владее во Хрватска“, кажа Канаваро.