Трајковски асистира, Хајдук го „отвори“ Динамо (ВИДЕО)
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски по добро ќе го памети својот прв настап во најголемото дерби во хрватскиот фудбал.
Нашиот напаѓач, кој од неодамна е член на Хајдук, влезе во игра на стартот од второто полувреме и му беа потребни само 15 минути за да помогне во отворањето на резултатот. Голманот Лучиќ ја изби топката од својот шеснаесетник, Трајковски со глава префрли кон Сахити, а овој ја затресе мрежата на Динамо.
Непосредно по голот, во игра влезе кај Динамо влезе и Аријан Адеми со кој шампионот на Хрватска ќе се обиде да дојде до израмнување.