„Торцида“ си поигра со фудбалерите на Хајдук: Ги повика, па ги избрка со бакљи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хајдук во вчерашниот натпревар славеа победа од 3-0 над Славен Белупо во последниот натпревар од третото коло во хрватската, ХНЛ.

Сплитскиот тим до победата стигна благодарение на головите во второто полувреме, погодуваа Абудлеј Санјага Бамба кој стрелаше двапати и Рокас Пуксташ.

Хајдук така ја продолжи низата од три победи во низа во новото првенство и со тој учинок се израмни со водечкиот Динамо кој исто така има девет бодови, но подобра гол разлика. Сепак, по натпреварот дојде до несакани сцени.

Навивачката група „Торцида“ прво ги повика фудбаалерите да дојдат на Север, а кога тоа го направија предводени од капитенот Марко Ливаја и кога тој дојде до рекламите, следуваше големо пиротехнички шоу во кое бројни бакљи завршија на терен, па фудбалерите мораа побрзо да го напуштат тој дел од теренот.