
Јован Манев пред трансфер во Србија
Според последните информации, Манев е блиску до договор со српскиот прволигаш, Нови Пазар кој има за цел да се наметне како еден од стабилните клубови во Суперлигата на Србија.
Наводно, преговорите се воделе некое време и сега се во завршна фаза, па се очекува набрзо се да биде потврдено, ако не дојде до некаков пресврт во целата ситуација.
Трансферот за Манев во Нови Пазар би бил прв во српското првенство откако претходно македонскот дефанзивец покрај Хрватска настапуваше и во Турција во дресот на Адана Демиспор. Во Македонија беше дел од Брегалница и Осогово.