Страшно невреме предизвика голема штета на стадионот на Хајдук (ВИДЕО)

Хрватскиот град Сплит беше погоден од страшно невреме, при што силниот ветар и дожд предизвикаа голема материјална штета на неколку локации, меѓу кои и стадионот „Пољуд“ каде што игра Хајдук Сплит.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои може да се забележи дека невремето пустошеше низ Сплит, а од клубот посочиле дека најсериозно настрадал покривот на стадионот, но и теренот кој е уништен и поплавен.

„Настрадаа и неколку канцеларии, внатрешниот дел на стадионот, а исто така останавме без струја. Предизвикана е голема материјална штета и детална проценка ќе направиме откако ќе се смири времето“, велат од тимот.

Видеото може да се погледне ТУКА