Станковски со првенец му донесе бод на Раднички (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Лука Станковски беше стартер на мечот меѓу Раднички и Чукарички и постигна гол за реми (1-1) во 11. коло од српската Суперлига.

Станковски доби добра топка во седмата минута од мечот, по што без проблеми ја испрати во мрежата на Чукарички за водство од 1-0.

Раднички ја чуваше предноста сè до 84. минута кога Тедиќ стрелаше за 1-1 и донесе бод за гостинскиот тим.

Екипата на Станковски се наоѓа на шестата позиција со 14 бодови.