Српски фудбалер го почнаа мечот и само си седнаа на тревата (ВИДЕО)

Натпреварот од 12. коло од Првата лига на Србија (втор ранг) помеѓу Радник и Инџија (5-0) донесе несвојствен почеток на мечот и тоа со седење во знак на протест на гостинските фудбалери.

Капитенот на Инџија чекаше судијата да го означи почетокот на играта, а потоа ја додаде топката од центарот на противничката екипа, па заедно со соиграчите седнаа на тревникот. Протестот траеше цела минута и веројатно беше предупредување за управата, односно реакција поради неисплатени плати.

Истиот клуб имаше слични проблеми и лани кога играчите одбија да тренираат поради неисплатени плати.