Модриќ нема дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ нема дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“ за изминатата година.

Модриќ е убеден дека добитник на наградата треба да биде Винисиус Жуниор кој вчера блескаше во натпреварот против Борусија Дортмунд и постигна хет-трик во пресвртот на „кралевите“ и победата од 5:2.

„Неколку играчи можат да ја освојат наградата, но ако јас се прашувам тоа треба да биде Винисиус. Цела година игра на високо ниво, само погледнете што правеше минатата сезона и ќе ви биде јасно дека заслужува да победи. Да почекаме, ќе бидеме интересно“, изјави Модриќ.

Најпрестижното индивидуално признание во европскиот и светскиот фудбал ќе биде доделено во понеделник и засега Модриќ важи за фаворит.