Директор на Баерн ограбен во Барселона пред натпреварот од ЛШ!

Скандал се случил во Каталонија пред вечерашното гостување на Баерн Минхен во натпреварот од Лигата на шампионите.

Имено, еден од директорите на Баерн пред дуелот со Барселона бил ограбен на улиците во Шпанија. Делегацијата на Баерн во текот на вчерашниот ден пристигнала во Барселона со цел да се подготви за натпреварот, а еден од нивните членови ова гостување нема да го памети по добро.

Како што се пренесува директорот на клубот од Минхен останал без својот „Ајфон 15“, скапоцениот часовник и паричникот.

Крадецот успеал да се доближи до него и по кратка конверзација да замине со украдените предмети. Кога забележал дека ограбен членот на делегацијата на германскиот гигант тргнал по крадецот, но веќе било доцна.

Случајот го пријавил во полиција и каталонските служби трагаат по сторителите.