Мурињо: Можеби ќе ја освојам титулата со Манчестер Јунајтед од 2018 година

Tренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо го најави натпреварот на неговиот сегашен тим против својот поранешен, Манчестер Јунајтед и повторно го привлече вниманието со своите изјави.

Мурињо при најавата на средбата од третото коло во Лигата на Европа бил прилично расположен и очигледно се радува на натпреварот со англискиот гигант.

Не можеше да помине Мурињо без прашања за неговиот период на „Олд Трафорд“, а во сезоната 2017/2018 Португалецот со Јунајтед заврши како второпласиран зад Манчестер Сити.

Во таа ситуација Мурињо потсети и на актуелното судење кое се води против Манчестер Сити за 115 обвиненија и во кое на „граѓаните“ можат да им бидат одземени одредени титули, па дури и да бидат исфрлени во понизок ранг.

„Мислам дека имаме шанси да ја освојам титулата со Манчестер Јунајтед од 2018 година бидејќи Манчестер Сити може да биде казнет“, изјави Мурињо низ насмевка на денешната прес-конференција.

За Мурињо тоа не би била прва титула во Премиер лигата бидејќи ова натпреварување го освојуваше со Челси во 2005, 2006 и 2015 година.