Тиквеш повторно се жали на судењето, обајви и фотографија од стапалото на Цубара (ФОТО)

Тиквеш беше елиминиран од Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија, а по натпреварот клубот од Кавадарци повторно се пожали на судењето.

Имаше реакции од Тиквеш и по лигашкиот натпревар помеѓу овие две екипи неодамна, па така е и по овој во Купот на Македонија.

Од редовите на Тиквеш сега се жалат на ситуацијата кога Дианесу го постигна првиот гол во 76. минута. Според нив напаѓачот на Вардар направил прекршок пред да ја погоди мрежата.

„Ова е стапалото по стартот над нашиот стопер Цубара кој во 76 минута од натпреварот е повреден со расекотина од крампон неможејќи да го продолжи натпреварот, а судијата дозволи играта да продолжи за гостите да постигнат гол.

Им честитаме на Вардар за победата и им посакуваме успех како ново раководство на ФФМ, а ние како клуб нема до дозволиме овие валкани игри да поминат во иднина !!!“, стои во објавата на кавадаречкиот клуб.