Спектакл во Србија: Сакаше да ја избие топката, па од 70 метри успеа да постигне еврогол (ВИДЕО)

Милан Дeлевиќ е фудбалер на српскиот нисколигаш Звездара, која против БСК Борча во српската лига – Белград победи со 2-1, а дефанзивецот даде епски еврогол од 70 метри и тоа – случајно.

Дeлевиќ сакаше да ја избие топката во акцијата на БСК, ама така силно ја шутна што на спиење го фати противничкиот истрчан голман и на крај мајсторски погоди во мрежата. Србите веќе го прогласија голот за еден од најспектакуларните во својата историја.