Нема одмор за ѕвездите на Арсенал: Артета им закажа тренинг на Божиќ

Арсенал оваа сезона повторно се бори за титулата во Премиер лигата, но добро му оди и во Лигата на шампиони (ЛШ), а интересно е тоа што тренерот Микел Артета не сака неговите фудбалери да се опуштат, па им закажа тренинг на Божич.

„Топчиите“ оваа година немаат меч на „Боксинг деј“, но шпанскиот тренер не сака неговата екипа да испадне од ритам, односно сака да ја задржи формата и дисциплината во важен дел од сезоната.

Артета ќе ги собере ѕвездите на божиќното утро во тренинг-центарот, а по одработениот тренинг ќе им биде дозволено на фудбалерите да се вратат кај своите семејства.

Фото: Arsenal FC/Facebook