Алкалоид го распарчи Куманово за 12. победа во Суперлигата

Македонскиот суперлигаш Алкалоид беше пресилен за МРК Куманово (42-25) во 17. коло од домашниот шампионат.

Избраниците на тренерот Кире Лазаров одиграа одличен натпревар и уште во првите 30 минути ја најавија победата над аутсајдерот (20-12).

Алкалоид продолжи со силното темпо и во второто полувреме, па до крајот го наполни голот на Куманово за конечни 42-25.

Најефикасни кај скопскиот тим беа Урош Борзаш, Мартин Серафимов и Александар Петковски кои постигнаа по шест голови, додека Александар Стојков погоди пет пати за Куманово.