Светот ќе добие нов шампион: Германките ѝ пресудија на Франција!

Актуелниот женски шампион во ракомет, Франција беше поразена од Германија со 23-29 во првото полуфинале на Светското првенство (СП).

Германките ја контролираа играта во првото полувреме и успеаја да заминат на паузата со „плус три“, односно 15-12.

Франција во вториот дел не успеа да фати ритам и да ја намали негативата, а тоа го искористи Германија за на крајот да слави со 29-23.

Најефикасна кај Германија беше Антје Дол со девет голови, додека Лена Грендву и Сара Букит постигнаа по пет погодоци за Франција.

Фото: Facebook/Deutscher Handballbund