Славен Аргентинец доаѓа во Загреб – ќе биде спортски директор на Ристовски и Адеми!?

Поранешниот аргентински репрезентативец, Николас Бурдисо, е најсериозен кандидат за нов спортски директор на Динамо Загреб, пишуваат хрватските медиуми повикувајќи се на италијански извори.

Тој е едно од седумте имиња што останаа во конкуренција за оваа функција, која остана испразнета по смената на Марко Мариќ минатиот месец. Раководството на хрватскиот шампион најави дека новиот спортски директор ќе биде избран до крајот на март, со цел навреме да се подготви летниот трансфер период и да се решат договорните прашања на неколку играчи.

Бурдисо има искуство како спортски директор во Бока Јуниорс (2018-2019), а последната функција ја извршуваше во Фиорентина од 2021 до летото 2023 година. Под негово водство, италијанскиот клуб двапати стигна до финале на Конференциската лига, а од Фиренца замина по истекот на договорот.