Скандал во Црна Гора: Намерно се тргна за противникот да даде гол! (ВИДЕО)

Крајно сомнителен потег се случи во црногорскиот фудбал на дуелот меѓу Младост и Дечиќ кој го добија гостите со 3-0.

Течеше судиското продолжение од првиот дел кога домашниот дефанзивец Звонко Цекиќ наместо да блокира, намерно се тргна за Бојан Матиќ од противничкиот тим да даде гол. Сомнителна е и реакцијата на голманот кој не ја испружи раката до крај.