Сè уште има магија во неговите нозе: Мајсторија на Љајиќ од слободен удар (ВИДЕО)

Сегашниот фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ кој најдобрите денови ги помина во италијанската Серија А денеска покажа дека сè уште има магија во неговите нозе

Нови Пазар ремизираше против ОФК Београд во рамките 18. коло (1:1), а единствениот гол за гостите беше мала мајсторија на Љајиќ кој погоди од слободен удар од околу 25 метри.

За 33-годишниот Љајиќ ова беше негов седми гол во првенството, а има и шест асистенции на 18 натпревари.