Ракитиќ му се „закани“ на Модриќ: Ако не потпишеш ќе имаш проблем со мене!

Сѐ уште не е познато каде хрватската легенда, Лука Модриќ, ќе игра следната сезона, со оглед што му завршува договорот со Реал Мадрид, а сѐ уште ја нема продолжено соработката, поради што неговиот репрезентативен колега, Иван Ракитиќ, ја искористи можноста на шега да му се закани.

Тој зимава од Севиља се пресели во Саудиска Арабија, каде што настапува за Ал Шабаб, па би сакал пред крајот на кариерата пак да се најдево ист тим со соиграчот од националниот тим.

„Ако дојде во Саудиска Арабија и не потпише за Ал Шабаб ќе си има проблеми со мене. Би било неверојатно да пројави желба да дојде во саудиското првенство, би му се јавил по две минути и би направил сè за да го потпишам за мојот тим и да му ги дадам сите информации што му се потребни“, изјавиповеќе на шега Ракитиќ.

Модриќ во моментов, сепак, некако е најблиску до останување во Мадрид.

„Нема да се бунам и ако реши да остане уште една сезона во Мадрид, тоа би било прекрасно уживање за сите“, дополни хрватскиот ветеран.