Просинечки добива отказ по само еден месец откако не му ја прифатија оставката

Хрватската легенда Роберт Просинечки нема да биде повеќе селектор на Босна и Херцеговина и деновиве ќе добие отказ од раководството на федерацијата, после веќе сигурноро испаѓање од трката за пласман на Евро 2020 преку квалификациите.

Просинечки пред само еден месец даде оставка по поразот во Ерменија, но тогаш фудбалскиот сојуз на БиХ го премисли и му даде потполна поддршка, но сега како што објавуваат босанските медиуми ситуацијата се сменила после поразот од Грција и практично загубените шанси за пласман на Евро 2020. Според информациите на популарниот Жути му се одброени деновите и сега се чека состанок на Извршниот одбор на федерацијата за практично да му се врачи отказот.

„Што друго може да направиме? Очигледно е дека ваа не оди и пред баражот мора нешто да смениме. Веројатно Просинечки нема да остане селектор“, рекол член на босанскиот сојуз за медиумите.

Извршниот одбор во среда закажал состанок за анализа на резултатите и работата на стручниот штаб и веројатно тогаш ќе пресече за Просинечки да замине од кормилото. БиХ има формално уште два меча во ноември за да ги одигра од овие евроквалификации, а ја чека и мартовскиот бараж за пласман на Евро 2020 преку Б-дивизијата во Лигата на нации.