Приведен убиецот на навивачот на АЕК!? (ФОТО)

Навивачот на АЕК, Михалис Кацурис беше убиен во Атина по пресметката со фановите на Динамо Загреб, а грчкиот портал „Зуглас“ објави дека е уапсен грчки државјанин кој е осомничен за убиството.

Грчкиот медиум пишува дека неговата ДНК била пронајдена на ножот кој се користел за убиството на Кацурис.

„Од министерството пристигна вест за приведување на Гркот А.Д. кој е осомничен за убиство на Кацурис. Неговата ДНК била пронајдена на ножот кој бил користен за убиството. Тој ѝ е познат на полицијата од претходно зашто бил вмешан во различни инциденти“, пишува на сајтот.