Пикси пред новинарите во Белград: Чекавте неуспех, повелете удрете! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија пристигна во Белград каде што уште на пристигнувањето новинарите имаа што да го прашаат селекторот Драган Стојковиќ-Пикси бидејќи за нив елиминацијата во групната фаза е разочарување.

Додека медиумите жестоко го критикуваат и се најавува негова смена, Пикси смета дека Србија и не била така лоша на првенството.

Во изјавата по пристигнувањето тој истакна дека ниту една репрезентација од нивната група не била подобра од Србија.

„Чекавте неуспех, повелете, удирајте, плукајте, навредувајте...Ќе ми кажете ли дека Англија беше подобра од нас, дека Словенија беше подобра или Данска? Не може, не е точно. Не заборавајте дека 90% од луѓето во Србија очекуваа да примиме пет-шест гола од Англија. Нашата одбрана беше една од најдобрите.

Разочарувачки е разбирам, но не е фијаско како што вие велите. Ако некој е незадоволен тоа сум јас, фијско е кога ќе ве победи некој со 7:0, ако се пијанчите по Минхен и Аугусбург и ако се тепате на тренинг. Такво нешто немаше и горд сум на момците“, изјавил Пикси пред новинарите.

Србија групата на првенството ја заврши како последна со два бода од двете нерешени средби со Словенија и Данска, додека од Англија беа поразени со 1:0.