Пикси пак му одговори на Видиќ: Изненаден сум од неговото незнаење

Вториот дел од одговорот кон Немања Видиќ, селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси го даде во интервју за весникот Журнал.

Видиќ минатата недела изјави дека Пикси и неговиот стручен штаб заработиле 16 милиони евра што наиде на револт кај селекторот.

„Не може да ме повреди некој што не работи ништо, како него. Лошо е тоа што го кажа, покажа непочитување кон мене, тоа не обвинувања, туку коментари кои не му прилегаат. Изненаден сум, пред се, од неговото незнаење. Ако веќе спомнува бројки, некои 16 милиони евра, прво треба добро да се инфирмира, треба некој да му објасни што се биланси, завршни сметки итн. Место за такви прашања се седниците на Собранието на ФСС, чиј член е тој.

Тие бројки не се точни, но и да се, да сум заработил не 16, туку 116 милиони евра, во што е проблемот? Тоа не се државни пари, туку пари на Сојузот. Можам точно да кажам колку сме заработиле, но што со тоа? Постојат даночни органи“, изјави, меѓу другото, Стојковиќ.