
Пикси ја напуштил Србија и без милионската отштета
Имено, претходно медиумите во Србија пишуваа дека Пикси со заминувањето ќе добие и отштета од еден милион евра.
Токму затоа се коментираше и дека сојузот не го отушта претходно, меѓутоа од тоа нема да има ништо. ФСС потврди дека нема никакви дополнителни обврски кон Пикси.
Договорено е Стојковиќ да ги добие платите кои му припаѓаат по договорот до денот кога поднесе оставка, а сојузот нема да плаќа никакви „пенали“.
На селекторската позиција Пикси во Србија помина четири години.