Пикси е веќе минато: Четири кандидати за кормилото на Србија

Репрезентацијата на Србија доживеа дебакл на Европското првенство (ЕП) во Германија, па поради тоа од кормилото ќе си замине селекторот Драган Стојковиќ-Пикси.

Пикси разочара со резултатите на ЕП, па Србија веднаш тргна во потрага по негова замена, а медиумите пишуваат дека има четири кандидати за негов наследник.

Прв на листата со желби е Славиша Јокановиќ, кој има богата кариера, односно во кариерата водеше тимови како Партизан, Вотфорд, Фулам и други.

Во сенка на Јокановиќс е уште тројца тренери, а тоа се Владимир Ивиќ, Мирослав Ѓукиќ и Саво Милошевиќ.