Пешиќ на Црвена звезда ѝ го донесе трофејот од Купот на Србија (ВИДЕО)

Со два гола во второто полувреме на Александар Пешиќ, Црвена звезда со 2-1 го совалда Чукарички во финалето од Купот на Србија.

Чукарички поведе со маестрален погодок на Доциќ директно од корнер во 21. минута.

Аутсајдерот во овој меч долго време водеше, Црвена звезда конечно успеа да изедначи во 61. минута со гол на Пешиќ.

Истиот фудбалер 15 минути подоцна постигна уште еден гол за комплетен пресврт и победа на Црвена звезда од 2-1.

Триумф кој значи нов трофеј, овојпат од Купот на Србија.