Пелистер ја преслуша Ц. Звезда, за балканската титула ќе игра против ПАОК (ВИДЕО)

Екипата на Пелистер Еспортс обезбеди пласман во финалето на Балканската ЕПЦ лига, откако во полуфиналето ја совлада екипата на ФК Црвена Звезда (2-1).

Македонскиот тим одигра одлични три натпревари во плејофот и заслужено стигна до завршниот натпревар. Битолчани регуларниот дел од сезоната ја завршија на второто место зад лидерот Будуќност, кој загуби во второто полуфинале.

Финалето е закажано за в петок (20 часот), а противник на Пелистер Еспортс ќе биде грчкиот тим ПАОК.