Партизан со посебна порака на маици ќе удри по ФСС на денешното „вечно дерби“ (ФОТО)

Предводниците на фудбалскиот клуб Партизан најавија дека на вечерашното вечно-дерби против Црвена Звезда (19 часот) од Купот на Србија ќе испратат протест поради случувањата на неодамнешната пресметка против вечниот ривал (2-3) во која сметаат дека се драстично оштетени.

Црно-белите вината за се ја префрлија на тие кои ги назначиле судиите на оваа средба - судиската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Некои луѓе никогаш нема да знаат колку е убаво да заспиеш со мирна душа и чист образ“, пишува на маицата со ознака „ФСС“.

Ова е куп-полуфинале кое се игра на еден меч и тоа на „Маракана“.