Панчев и Најдовски пред точно 30 години станаа - светски шампиони (ВИДЕО)

Македонскиот двоец во дресот на Црвена звезда, Дарко Панчев и Илија Најдоски, на денешен ден пред 30 години дојдоа до победничкиот пехар во Интерконтиненталниот куп, откако во финалето беше совладана чилеанската екипа на Коло Коло (3-0).

Средбата се одигра во јапонскиот град Јокохама и беше пресметка помеѓу најдобриот тим во моментов во Европа и во Јужна Америка, со оглед што црвено-белите неколку месеци претходно дојдоа до историскиот трофеј во Купот на шампионите.

Панчев беше стрелец на еден од погодоците за Ц. Звезда на оваа средба, заедно соп Владимир Југовиќ, кој ги постигна првите два гола за белграѓани.