Олмо со солзи во очите се збогувал со Адеми и соиграчите од Динамо

Динамо Загреб го договори трансферот на 21-годишниот шпански фудбалер Дани Олмо во Лајпциг, па ова ќе биде најдобриот трансфер на хрватскиот гигант во историјата затоа што ќе добијат 30 милиони евра плус 15 милиони во бонуси.

Во претходниот приод младиот фудбалер се поврзуваше со голем број клубови, но многумина веруваат дека направил вистински потег во својат акариера.

Олмо до последниот ден во Загреб професионално ги извршувал своите работи и од Динамо имаа само пофални зборови за него, а на разделбата со поранешниот соиграчи Шпанецот се расплакал.

Хрватските медиуми објавија дека Олмо најпрво разговарал со тренерот Бјелица, па потоа со капитенот Аријан Адеми и на крајот со останатите соиграчи.