
Легендарниот Мијатовиќ го напушта Партизан за да се пресели во Софија!
Оваа екипа е во потрага по нов спортски директор по заминувањето на Португалецот Паоло Нога, а според информации од извори блиски до клубот, токму Србинот е главниот фаворит за оваа улога. Тренер на бугарскиот тим е Душан Керкез, кој претходно беше споменуван како потенцијален кандидат за клупата на Партизан.
Српските медиуми тврдат дека и покрај интересот од ЦСКА, малa е веројатноста дека Мијатовиќ ќе го напушти Партизан во овој момент. Сепак, намерата на бугарскиот клуб е јасна – да донесе големо фудбалско име на раководна позиција со цел враќање на патот на успесите. ЦСКА Софија е рекордер во бугарското првенство со 31 шампионска титула, но последната ја освои далечната 2008 година.