Кризата во Левски ги мобилизира навивачите – продадени рекорден број сезонски билети!

Кризата во еден од софиските великани Левски, кој се најде во незавидна положба откако газдата Васил Божков избега од Бугарија, па беше уапсен во ОАЕ и сега чека екстрадициски притвор, ги моблизираше навивачите за да купат сезонски билети и на тој начин некако да се обидат да помогнат во спасот на клубот.

Бугарските меидуми објавија дека само во последните три дена се продадени преку илјада сезонски влезници, а бројката на вкупно продадени сезонски билети надмина 2.500, а само од овие три дена Левски обезбеди 40.000 евра (80.000 лева) од влезници, а се очекува да се продаде уште некој контингент на билети и приходот да биде поголем.

Левски се најде во проблем поради новиот закон за игри на среќа, поради кој Божков практично и избега, а потоа излезе дека е обвинет за финансиски малверзации од 270 милиони евра (богатството му се проценувало на 6,5 милиони евра). Навивачите пред да избега, бараа спас кај премиерот Бојко Борисов, кој пак им порача да си ги земат акциите и тие да го управуваат клубот.

Сега, Левски е оставен само со 100.000 евра на сметка, за кои директорот Павел Колев објави дека се пари за живот до крајот на месецов. Овие пари од продадени билетинад 100.00 евра ќе спасат уште еден месец, а се надеваат во Софија дека ќе се изнајде некое краткорочно решение со банки или спонзори за мирно да се заврши пролетниот дел од сезоната, а потоа на лето да се бара начин како Левски да застане финансиски на здрави нозе.