Косово ќе се жали на одлуката на УЕФА за натпреварот со Романија
Косовските фудбалери во финишот од средбата го напуштија теренот во Букурешт, а потоа оставија и неред во соблекувалната.
УЕФА денеска ги соопшти санкциите и за двете страни, но во Косово не се согласуваат и ќе се жалат.
„Не се согласуваме со одлуката да ни се одземат бодови и натпреварот да се регистрира со 3-0 во корист на Романија. Во врска со оваа одлука федерацијата ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана“, соопштија од Косово.